Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ биле носени со вилушкар

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ биле носени со вилушкар

Над 10.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ морале да бидат пренесени со вилушкар за да бидат архивирани од службите во Собранието, пренесува Слободен печат.

Околу 6.000 амандмани се за предлог-измените на Изборниот законик со кој треба да се минира предизборната идеја на СДСМ за една изборна единица и отворени листи со што поголеми шанси да добијат свои пратеници на парламентарните избори ќе имаат помалите политички партии кои не коалицираат.

Покрај тоа, 970 амандмани ВМРО-ДПМНЕ поднесе за Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинтели, а во собраниската архива пристигнале и околу 4.000 за Јавно обвинителската служба.

Амандманите почнале да пристигаат на 11 декември во попладневните часови па се до ноќта до 21 часот. 

Помалите политички партии веќе реагираа негативно, а ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се старо-нови партнери.

Премиерот Зоран Заев веќе рече дека СДСМ и ДУИ се „за прв пат во конфротација“


Слично

Поврзани вести