Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амандманите пристигнаа, утре нова средба за СЈО

Амандманите пристигнаа, утре нова средба за СЈО

  • По фамозното испраќање на амандманите за Законот за јавното обвинителство дека траеше ТВ-дуелот на политичките лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, за утре министерството за правда закажа нова средба во 18 часот.

  • Тоа ќе биде трет обид да се постигне консензусот помеѓу власта и опозицијата кој го бара Европската комисија како реформски процес пред одлуката за доделување на датумот за преговори за Македонија што се очекува во јуни.

  • И премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во телевизиското соочување се согласија дека дијалогот треба да продолжи и дека измените кои ќе го дефинираат статусот на СЈО треба да бидат општоприфатливи.

  • Заев вели дека веќе е создаден институционален капацитет и нема потреба да се уништува, а Мицкоски пак рече дека испратиле 65 амандмани до Министерството за правда и до меѓународната заедница.

  • Додека траеше дебатата Мицкоски рече дека амандманите кои треба да бидат разгледани се испратени, додека Заев потоа наведе дека се јавил кај министерката Рената Дескоска и му рекла дека тоа е лага и дека не се пристигнати. Потоа испадна дека тие биле испратени, но не како што се очекувало на службениот, туку на приватниот мејл на Дескоска.

  • Во меѓувреме, се одвиваат консултации за законот и со помалите парламентарни политички партии


    Слично

    Поврзани вести