Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМАНДМАНИТЕ ПОМИНАА, ШТО Е СЛЕДНО: Македонија на чекор до официјална промена на името

АМАНДМАНИТЕ ПОМИНАА, ШТО Е СЛЕДНО: Македонија на чекор до официјална промена на името

Парламентот ја заврши пленарната седница на усвојување нацртот на четирите уставни амандмани со кои се менува името на земјата во Северна Македонија и се потврдува државниот суверенитет и македонски идентитет.

Таа седница траеше три дена од можни 12, колку што со Деловникот е поредвидено за расправа за четири амандмани, односно за секој по три дена.

Со утврдување на нацрт амандманите кои ги предложи Владата на премиерот Заев согласно Догоговорот со Грција за решавање на спорот околу името во парламентот е завршена втората фаза на уставните промени.

Во среда, според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за кои се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите за амандманите и да ги врати на усвојување.

Во третата, завршна фаза, за усвојување на амандманите на Уставот на Македонија е потребно 2/3 мнозинство од 80 пратеници , за што на владеачката коалиција ќе и треба и поддршка на опозициските пратеници.

Се предвидува дека промените на Уставот на Македонија би можеле да завршат до половината на јануари 2019та, а за да стапат на сила потребно е Грција да го ратификува Договорот од Преспа и пристапниот протокол на Македонија за членство во НАТО.

Законодавниот дом на 19 октомври почна процес за измени на Уставот со поддршка од 80 пратеници за предлогот на Владата. Тоа двотретинско мнозинство е обезбедно со гласовите од осум пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ кои поради тоа се исфрлени од партијата.

Слично

Поврзани вести