Економија, финансии, бизнис

Контакт

Амандманите за уставни измени образложени во Собрание

Амандманите за уставни измени образложени во Собрание

Уставните измени поради промена на името на државата во Северна Македонија на сила ќе стапат дури кога Собранието на Грција ќе го ратификува договорот од Преспа и протоколот за прием на Македонија во НАТО.

Ова го кажа премиерот Заев на стартот на седницата на Комисијата за уставни прашања, со кое заседание почна втората постапка за измена на Уставот согласно договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор околу името на Македонија.

Образложувајќи ги амандманите, Заев рече дека додавање на географска одредница „северна“ на уставното име на државата е „цена“ за влез во ЕУ и НАТО.

Седницата на Комисијата на која се разгледуваа четири уставни амандмани кои ги предложи Владата, може да трае најмногу 12 работни дена. 

Џафери за 1 декември закажа пленарна седница на која пратениците ќе гласаат за амандмани, за кои претходно треба да се изјасни и Законодавно-правниот одбор.

Слично

Поврзани вести