Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алтхаузер: Решението за политичката криза во Македонија е на маса

Алтхаузер: Решението за политичката криза во Македонија е на маса

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер вели дека решението за политичката криза во Македонија е на маса. 

Таа изјави дека е потребна  политичка волја за тоа да биде спроведено, Парламентот да биде оперативен, да се организира самиот да избере претседател, а потоа да се избере и влада која ќе може да делува. 

„Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните“ - рече Алтхаузер, на денешната прес-конференција на која Македонско-германското стопанско здружение ги презентираше резултатите од работењето во изминатата година.

Таа е убедена дека брзо ќе се избере спикер. Според Алтхаузер, решението на кризата во однос на економијата е задоцнето.

„Предвремените парламентарни избори се одржаа пред четири месеци. Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, расте несигурноста и неизвесноста во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите“ - вели амбасадорката. 

Таа додава дека негативен е и порастот на одобрување на кредитите. 

Слично

Поврзани вести