Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алтхаузер: Mеѓународната заедница очекуваат да се формира влада, но прво да се избере спикер

Алтхаузер: Mеѓународната заедница очекуваат да се формира влада, но прво да се избере спикер

Амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер вели дека меѓународната заедница по изборите очекува да се формира влада која ќе се посвети на реформите во процесот на пристапување во ЕУ. 

Таа денеска се обрати на Меѓународната конференција „Добри практики за обука во земјите членки на ЕУ“ што се одржа во Секретаријатот за европски прашања.

Според неа, приоритет  во евроинтеграциите се реформите, а за нивно спроведување потребна е функционална влада,  Кризата во Македонија трае долго и е длабока, вели таа. 

„Поминаа четири месеци од изборите, па сите и меѓународната заедница очекуваат да се формира влада, но прво треба да се избере спикер во Собранието. Приоритет во процесот на пристапување кон ЕУ се реформите кои треба интензивно да се спроведуваат, а за тоа е потребна функционална влада. Тоа е она што го чекаме“ - рече Алтхаузер. 

Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми го дели мислењето дека политичката криза трае повеќе од две години што е премногу долго, а сега прерасна и во институционална криза.

„Очекуваме да се најде решение за кризата, бидејќи проектите и реформите мора да се реализираат. Политичката криза мора да се реши, а институциите да профункционираат оти нема друга алтернатива“ - рече Адеми.

Според него, целата оваа ситуација влијае врз динамиката на спроведувањето на реформите од ЕУ агендата.

Слично

Поврзани вести