Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алтернатива“ вечерва ќе ја објави дефинитивната одлука за влегување во влада

„Алтернатива“ вечерва ќе ја објави дефинитивната одлука за влегување во влада

Дефинитивната одлука дали Алтернатива ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечерва по седница на највисокото партиско тело – Централен совет. 

Партиската средба ќе почне денес во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово. Лидерот на партијата Африм Гаши досега три пати се сретна со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и за поддршка од нивните четворица пратеници.

- До овој момент ништо не можам да кажам. Утре по завршувањето на седницата ќе имаме прес-конфренција, веќе изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.

Вечерва Алтернатива ќе одржува седница на Централен совет. Истовремено колкумина ќе влезат во трката за лидер на СДСМ ќе се знае денеска до крајот на денот кога истекува седумдневниот рок, а веќе има тројца официјални кандидати кои претендираат да го заменат Заев.

Слично

Поврзани вести