Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛТЕРНАТИВА ОДЛУЧУВА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА: Бектеши потврди дека се разговара за поделба на ресори

АЛТЕРНАТИВА ОДЛУЧУВА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДАТА: Бектеши потврди дека се разговара за поделба на ресори

Алтернатива за денеска ја одложи седницата на Централниот совет на која синоќа требаше да се одлучува дали партијата ќе биде дел од Владата. Причина за одложувањето се погребите на трагично загинатите луѓе во несреќата, а вчера министерот за економија Крешник Бектеши за Трлиниг рече дека преговорите за влез на Алтернатива во Владата се при крај. Тој обелодени дека најверојатно наредната недела лидерите на политичките партии ќе го објават и договорот што се однесува до распределба на ресори.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби  со премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламенраното мнозинство од нивните четворица пратеници.

Според владиното соопштение, на третата средба има напредок во преговорите, но без конркетни кадровски решенија. Напредокот е во дополнување на содржинскиот дел на владината програма. Биле разменети и идеи од двете страни за тоа како да се споделат одговорностите во институциите на централната власт.

Бектеши вели дека ставот на ДУИ е дека се добредојдени во Владата сите политички партии кои ги споделуваат сите вредности во делот на интегрирање на нашата држава во ЕУ, за справување со здравствената и енергетската криза. 

Запрашан дали ќе го поддржат кое било име кое ќе биде предложено од СДСМ како иден мандатар, Бектеши рече дека според ДУИ, Заев треба да остане како претседател на Владата, но дека штом завршат внатрепартиските избори во СДСМ нивна одлука ќе биде за тоа кој ќе биде нивен мандатар и дали Заев ќе се повлече. За интегративците, повтори, важна е стабилноста на Владата.


Слично

Поврзани вести