Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алтернатива: Обезбедувачи претепале старец на Гинекологија во Скопје

Алтернатива: Обезбедувачи претепале старец на Гинекологија во Скопје

Опозициската партија Алтернатива денеска информира дека членови на кичевската агенција за обезбедување “2SS Security”, кој непречено дозволи упад на партиски војници на ДУИ во М-НАВ, претепале старец на Клиниката за гинекологија во рамките на Клиничкиот центар во Скопје.

„Како да се ова не е доволно, вчера во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето – зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма – претепале постар човек без никаква причина.  Според информациите со кои располагаме ние, еден од обезбедувачите дури не располага ни со лиценца неопходна за обавување на оваа професија.

Итно апелираме на компанијата “2SS Security” да му се раскине договорот за обезбедување на просториите на М-НАВ. Апелираме до Министерството за внатрешни работи и до релевантните интитуции да превземаат соодветни мерки за утврдување на нашите тврдења и на компанијата да му биде одземена лиценцата за работа“, соопшти Алтернатива.

Од партијата тврдат дека сопственикот на оваа агенција е близок со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и побараа од власта да му биде раскинат договорот за обезбедување на контролата на летови.


Слично

Поврзани вести