Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛТЕРНАТИВА НЕ Е САМО ДЕКОР СО ЧЕТИРИ ПРАТЕНИЦИ: Партијата е клучот за решавање на кризата

АЛТЕРНАТИВА НЕ Е САМО ДЕКОР СО ЧЕТИРИ ПРАТЕНИЦИ: Партијата е клучот за решавање на кризата

По синоќешната седница на Централниот совет на Алтернатива во Тетово, партискиот портпарол, Орхан Муртезани, на прес конференцијата соопшти дека веќе се докажа дека Алтернатива не е само декор со четири пратенички места во Собранието, тулу дека со влегувањето во парламентарното мнозинство договорени се рашавања на клучни прашања за излез од кризата.

Договорено е Владата да побара меѓународна истрага за случаите каде, според Алтернатива, има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договорени се и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството, но и заштита на цената на струјата.

Партијата ќе преземе важни одговорности, нагласи синоќа Муртезани.

– Ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, изјави партискиот портпарол.


Слично

Поврзани вести