Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛТЕРНАТИВА ЌЕ ИМАЛЕ СТАВ ДО СРЕДА И ЌЕ БИЛЕ ЕДНОГЛАСНИ - Реџепи засега не го менува мислењето за откажување на поддршката

АЛТЕРНАТИВА ЌЕ ИМАЛЕ СТАВ ДО СРЕДА И ЌЕ БИЛЕ ЕДНОГЛАСНИ - Реџепи засега не го менува мислењето за откажување на поддршката

Централното раководство на Алтернатива вечерва одржуваше состанок, откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.

„Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имиме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива“, рече Муртезани.

Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаин и Хусни Исмаили.

Партискиот генерален секретар и пратеник Скендер Реџепи-Зејд денеска официјално потврди дека ја повлекува поддршката, бидејќи не очекувал дека неговиот потпис ќе биде на ист список со, според него, антиалбанската Левица. Тој потоа изјавил дека нема да го смени овој свој став.

Слично

Поврзани вести