„АЛТЕР-ЕГАТА НА МИЦКОСКИ, МУЦУНЦИ ИЛИ БУНТУРИ, СЕГА ЌЕ БАРААТ ОПРАВДАНИЈА ВО ОБИДИНИТЕ ДА ИСПРОВОЦИРААТ КАВГА СО БУГАРИЈА ИЛИ ГРЦИЈА“: Величковски со став за проблемите со соседите
Ивон Величковски со свое видување за ситуацијата со Бугарија и Грција. Вели дека предупредувањето било од пред 6 месеци дадено и било игнорирано.
„Предупредувањето од пред шест месеци беше игнорирано.
Денес сме под самоблокада на патот кон ЕУ поради изборот "југоносталгија за припадност во српскиот свет".
Алтер-егата на Мицкоски, муцунци или бунтури сеедно, сега ќе бараат оправданија во обидите да испровоцираат кавга со Бугарија или Грција или обете за ново децениско одложување на евроинтегративната агенда.
Рецептот е познат: Бакојани во 2008 беше третирана како Георгиев денес, од исти приврзоци на Груевски како овие денешните на Мицкоски. Потоа ќе се чекаат избори кај нас, па во соседството и за тоа време ќе се заоструваат меѓуетничките односи во земјата.
Изборот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија е спротивставување на овие антимакедонски и антинационални политики на Владата на Мицкоски, Меџити и Димитриевски и нивните соработници во "Бихаќка".
Предупредувањето е дадено на време, како и ова споделеното од пред шест месеци“, напиша тој.
Слично
