Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алсат ТВ: Уапсен поранешниот министер за земјоделство Димковски и екс-раководителот на Агро-берза

Алсат ТВ: Уапсен поранешниот министер за земјоделство Димковски и екс-раководителот на Агро-берза

Алсат ТВ известува дека денеска се уапсени поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски, како и поранешниот раководител на јавното претпријатие Агро-берза, Ниметула Рамадани.

Утрово, полицијата спроведе неколку рации во Куманово и Скопје под сомнение за злоупотреба на службена должност.

Акцијата е иницирана од скопското обвинителство. Алсат ТВ се повикува на полициски извори.

Уапсен е и уште еден функционер на ова министерство. Во моментов, тие се носат под полициска придружба во полициската станица Гази Баба во Скопјe.

Според информации до кои дојде Прес24, меѓу приведените e i поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција.

Сомневањата се однесуваат на сериозни малверзации со државните стокови резерви. Според обвинителството, осомничените со неизвршување на своите службени должности придонеле да се отпишат 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од стоковите резерви, со што на државниот буџет му била нанесена штета од околу 780.000 евра.

Меѓу осомничените се поранешниот заменик-министер за земјоделство Т.Д., поранешниот директор на Агенцијата за стокови резерви Р.А., како и уште двајца раководители во институцијата. Осомничено е и едно вешто лице од Бирото за процена, специјализирано за процени во земјоделството.

Полициските активности продолжуваат, а повеќе информации и детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.


Слично

Поврзани вести