АЛСАТ: ПО ТРИ ДЕНА РАБОТА, ОД ДИВОГРАДБАТА ОСТАНА „ПЕПЕЛ“ - еве како изгледа
Дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“ е урната по тридневна работа на екипите на „Македонија пат“. На местото на објектот денеска може да се види само градежен шут и остатоци од бетонска арматура, објави телевизијат АлсатМ.
Активностите започнаа во средата откако владата во вторникот донесе одлука уривањето да го спроведе „Македонија пат“.
Дивоизградениот објект никна на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, кое во мај изгоре во пожар и тоа среде полициски час.
Општина Чаир цело лето ветуваше дека ќе ја урне дивоградбата, но тоа не го стори.
Фото. АлсатМ
Слично
