(ФОТО) АЛО МВР, КОНТРОЛИТЕ?!
Сообраќајна незгода во раните утрински часови ги разбуди граѓаните во околината на булеварот „Партизански одреди“ кај Силбо.

Според фотографиите до кои дојде Фактор во незгодата едниот учесник е возило такси кое е доста уништено.
Засега повеќе детали околу незгодата очекуваме од надлежните кои меѓудругото ги прашуваме каде се ноќните контроли.

Сабота вечер, на една од најфрекфентните улици во главниот град каде досега се случија неколку сообраќајки со жртви.

Иако министерството за внатрешни работи вети зачестени контроли на улиците во Скопје, интензитетот на сообраќајни незгоди сепак не е намален а безбедноста на граѓаните од несовесни возачи не е зголемена.

МВР вети, е надлежно и има задача, постојано да ги демне брзите возења на улиците во главниот град со цел да се намалат сообраќајните незгоди.
Или е потребен поголем притисок од јавноста?
ФОТО: ФАКТОР
