Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алнабски земјотрес „здрма“ силно и во Македонија

Алнабски земјотрес „здрма“ силно и во Македонија

земјотрес

Во 3.54 часот утринава гтраѓаните од земјава почувствуваа силен земјотрес. Како што пренесуваат на социјалните мрежи, тој траел долго, меѓу 15 до 20 секунди.

Имаше и такви, иако малкумина, кои ги напуштија своите домови, но по неколку минути се вратија во становите.

Според првичните информации, земјотресот се случил во Драч Албанија, со магнитуда од 6.3 степени според Рихтер, 164 километри западно од Скопје, близу местото Рушкул.

Во текот на претходниот час, регистрирани се и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени. Илјадници жители се излезени на улиците во Тирана и останатите градови блиски до епицентарот, јавуваат мештаните.

Според извештаите, земјотресот бил почувствуван дури до Нови Сад, Србија, Анкона и Наполи во Италија, Ламиа во Грција, Софија во Бугарија, Сплит во Хрватска и Бања Лука во Босна и Херцеговина.

Сè уште не е познато дали имало штети. Албанските медиуми потсетуваат дека ова е втор силен земјотрес што ја погоди земјата, по оној на 21 септември, кога беа оштетени стотици домови.


Слично

Поврзани вести