Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алмакос: Заев на Села му го понудил министерството за локална самоуправа

Алмакос: Заев на Села му го понудил министерството за локална самоуправа

По најновите информации на СДСМ дека нема да има предвремени избори, туку само реконструкција на владата, имињата на министри кои можат да ја напуштат оваа владина структура почнаа да циркулираат. 

Како што дознава „Алмакос“, премиерот Зоран Заев му понудил на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, повторно место во Владата и негов функционер да го предводи министерството за локална самоуправа.

Во моментов овој ресор му е доделен на коалициониот партнер НДП, чиј претседател е Весел Мемеди, а министер е Сухејл Фазлиу.

Од Села се очекува повторно да ја разгледа понудата да биде вклучен во владеачкото мнозинство.

Според најавите на СДСМ, реконструкцијата на владата ќе вклучува најмалку 8 министерства и над 20 дирекции. 


Слично

Поврзани вести