Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алкалоид во плус од 7 милиони евра

Алкалоид во плус од 7 милиони евра
Фармацевтската компанија во периодот од јануари до септември бележи благ раст на приходите од продажба на своите производи на домашниот пазар во споредба со истиот период лани, и пад на приходите од продажба на странските пазари. Според неревидираниот единечен и консолодиран Биланс на успех, за првите девет месеци од годината остварени се приходи од продажба на домашен пазар од 33,7 милиони евра што е раст од 1,7% во споредба со истиот период лани, и приход од продажба на странските пазари во вредност од 45,8 милиони евра, што е пад од 3% во споредба со истиот период лани. Добивката на Алаклоид во истиот период изнесува 7 милиони евра, а реализирани се 68 нови вработувања во компанијата.
Слично

Поврзани вести