Алкалоид со добивка од 4,5 милиони евра во првото полугодие
Алкалоид оствари нето добивка од 4.5 милиони евра во првата половина од годинава. Иако овој финансиски резултат е минимално под минатогодишните остварувања за овој период од годинва, кога добивката изнесуваше 4,7 милиони евра, сепак, фармацевстката компанија покажа дека успешно ги реализира плановите и ги задржува позитивните трендови од работењето.
Намалената нето добивка за 5% е поради зголемени оперативни расходи, иако бруто добивката на Алкалоид годинава е поголема од лани. Според неревидираниот консолидиран Биланс на успех објавен на Македонска берза, вкупните приходи од продажба на компанијата во овој период надминуваат 55 милиони евра, а речиси идентично остварени на домашнот и на странските пазари.
Во периодот од јануари до јуни во Алкалоид се реализирани 44 нови вработувања.
Слично
