Алиу за смртта на 37 годишната пациентка: Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе работи на терен
Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека денеска ќе потпише решение за формирање стручна комисија која ќе треба да утврди од клинички аспект што точно се случило со 37-годишната пациентка со Кронова болест, која, според објавите во медиумите, починала пред осум дена откако е испишана од болница по две извршени операции на Клиниката за дигестивна хирургија.
„Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе работи на терен“, изјави министерот.
Алиу посочи дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги прибира сите потребни информации поврзани со случајот.
фото Фејсбук/Азир Алиу
Слично
