Алиу: Ќе има тестови за дрога за сите лекари, ако се прифатат измените на законот
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лично размислува дека треба да се воведе законска обврска за редовни токсиколошки анализи кај сите лекари, по објавата на скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, меша бела прашкаста материја.
„Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече Алиу.
Кузмановски се извини за снимката и рече дека не се гордее со тоа.
Д-р Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија.
