Aлиу: Ќе им се одземат лиценците на уште три фирми што произведуваат медицински канабис
Владата на 24 февруари донесе одлука за одземање на лиценците за одгледување марихуана за медицински цели на шест фирми, кај кои комисијата што ја формира Министерството за здравство утврдила повеќе недостатоци во работењето.
„Ќе им се одземат лиценците на уште три фирми што произведуваат медицински канабис, со што нивниот број ќе достигне девет“, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Тој кажа дека се анализира работата на уште една компанија. Досега 23 компании се процесуирани.
Министерството за здравство формираше комисија по заплените на 40 тони марихуана во земјава од повеќе фирми што се случи по откривањето на пет тони марихуана во Србија за кои тамошните власти излегоа со сознанија дека канабисот потекнува од Македонија.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против шест лица кои се осомничени за вмешаност или поврзаност со шверцот на марихуана од Македонија во Србија.
фото Фејсбук/Азир Алиу