АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат
Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат, вели новиот министер за здравство, Азир Алиу.
Алиу најави стабилен, политички независен здравствен систем.
Тоа ќе се направи преку пет столбови:
1. Стратешко планирање преку национална мапа на здравствени потреби. Прв пат ќе изградиме цела мапа по региони и општини, која ќе покаже каде недостигаат лекари, опрема, кадар или функционални центри. Одлуките за инвестиција ќе се базираат на потребите.
2. Транспарентност и отчетност во здравствените услуги, преку платформа за следење на перформансите на здравствените услуги. Повеќе нема да има бројки што се кријат во фиоки.
3.Професионален развој и зајакнување на човечките ресурси. Обучување на лекарите и медицинските сестри. Јасно раздвојување од здравствените и менаџерските услуги.
4. Одржливо финансирање и превенција. Болниците ќе бидат финансирани според бројот на пациенти и нивната ефикасност. Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“. Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други.
5. Дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем.
Најави дека овие денови ќе бидат во Кочани за реално да ги согледаат проблемите што ги имаат пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства, а утре тој ќе има средба со директорката на болницата.