АЛИУ И МЕЏИТИ: Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување
Владата почна да ги разрешува кадрите на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, но министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити не сакаат да дадат оставка.
„Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување“, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Како што велат, Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари. Изјавата ја дадоа откако стигна информацијата дека на Владата почнале со разрешувања на кадрите што застанаа зад Арбен Таравари и дека веќе се сменети директорите на Агенцијата за странски инвестиции и на Пошта..
Слично
