Алиу ги објави резултатите: Само 7.000 медициснки сестри во јавното здравство
Министерот за здравство Азир Алиу објави дека е завршена евиденцијата и дела бројот на пресметаниот медицинскиот кадар воопшто во земјата е 32.383 вработени лица.
18.536 се во јавни здравствени установи, додека 13.847 се во приватните здравствени установи,каде што 9.040 се лекари-членови во приватно здравство,аостанатите 4.807 се вработени во приватните здравствени установи
Од 18.536 вработени лица во јавното здравство, 4.746 се лекари и соработници на секундарно и терцијално ниво, додека 7.003 се медицински сестри.
- Од денес ќе можеме да го следиме движењето на човечките ресурси во здравството - од вработувања, пензионирања, специјализации, префрлувања од една во друга здравствена установа,рече Алиу.
Како што рече Алиу, овие дигитални податоци ќе му помогнат на македонското здравство да ги пополнува кадрите онаму каде што се најпотребни во реално време.
Сепак, речетој, Македонија има двојно помалку доктори и медицински сестри на 100.000 жители од европскиот порцес.
