Алиу: Алтернатива бара оддалечување, а не мешање во судството
Потпретседателот на Алтернатива, Љулзим Алиу, ги демантира обвинувањата за мешање во судството, по постигнатиот принципиелен договор со СДСМ за меѓународен мониторинг на одредени судски процеси .
Тој во изјава за агенцијата ИНА вели дека новиот владин коалиционен партнер со тоа бара оддалечување на политиката од судството, а не мешање во истото.
.- Бараме едно тело, еден орган, еден истражен орган од странство, за да се биде колку е можно пообјективно, пореално, поправично, ние не вршиме притисок врз обвинителството, ниту врз судовите, ниту врз системот на правдата. искоментира Алиу.
Бојан Маричиќ, министерот за правда, синоќа за ТВ21 рече дека за мониторингот на спорните судски случаи треба да се најде решение со вградување на такви механизми во новиот закон за кривична постапка.
„Јас сум согласен во сите случаи кои има индиции и во кои има некое влијание кои влијаело на носење на пресуди, тие случаи треба да бидат повторени. Но Владата тоа не може да го каже, туку судовите“, рече Маричиќ.
