Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛИТИ ОСТАНУВА НА ВРВОТ НА КХВ - Еве кои се нови членови во комисијата

АЛИТИ ОСТАНУВА НА ВРВОТ НА КХВ - Еве кои се нови членови во комисијата

Одбран новиот тим на Комисијата за хартии од вредност, која е надлежна за следење и контрола на функционирањето на пазарот на хартии од вредност. Досегашната претседателка на КХВ, Нора Алити има нов мандат, покрај досегашниот петгодишен мандат, таа останува да биде претседател на комисијата и следниве пет години. 

Меѓу новиот тим се уште два члена од претходниот тим, чиј мандат е продолжен. Тоа се професрите Зоран Колев и Кирил Јовановски, кои и понатаму остануваат да бидат надворешни членови на комисијата. 
Покрај нив, во тимот кој го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите, но го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност во следниве пет години се и Васко Пејков како внатрешен комисионер, а меѓу надворешните комисинери во новиот тим е и професорот Деан Стојановски. 
Во претходниот состав, меѓу членовите на Комисијата покрај претседателката Алити, професортие Колев и Јовановски беа и Лиле Делиџакова и Душко Ѓошевски, двајцата членови комисионери. 
Од првата седница на ова тело, со кое раководи Алити, било заклучено дека „КХВ ќе се залага за одржување на пазарно опркужување кое ја оправдува довербата на инвеститорите и се карактеризира со транспарентосто и со интегирете, а во спроведувањето на своите регулаторни овластувања, на инвеститорите, учесниците на пзарот и на сите други и во наредниот период ќе им пристапува праведно во согласност со законот“. 

Владата во месец април објави оглас за избор на нови членови и претседател на Комисијата за хартии од вредност.

- Двајца членови професионално ја вршат својат функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на робти во Комисијата, за што им следува надоместок – пишуваше во огласот. 
Владата во огласот не објави детали за платите на новите членови на Комисијата за хартии од вредност. 
На претходниот оглас кој беше распишан во 2019 година платите за членовите на Комисијата се движеа од 32 до 62 илјади денари. 

Тимот на КХВ е надлежен за контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречување нечесни и незаконски дејства, поврзани со работењето со хартии од вредност. 
Тие исто така издаваат дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони. Надлежни се и за давање согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови. Исто така ги одобруваат барањата за издавање на хартии од вредност, а имаат и други надлежности.
П.О.

Слично

Поврзани вести