Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Алиталиа“ ќе лета секој ден Скопје-Рим-Скопје

„Алиталиа“ ќе лета секој ден Скопје-Рим-Скопје
Од 1-ви мај ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим – Скопје - Рим, директен лет од аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, седум пати неделно, односно на дневна база, преку операторот „Алиталиа“. „Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим - Скопје е особено важна поврзаноста на нивниот главен хаб - аеродром „Леонардо да Винчи“ со Северна Америка, односно Канада, особено градовите Њујорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје. Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот, каде, меѓу останатите земени предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб. За реализацијата на директниот лет Рим - Скопје ќе се користат воздухопловите Airbus 320 и Embraer 175, информираат од Министерството за транспорт и врски.    
Слично

Поврзани вести