Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алиталиа ќе лета секој ден од Скопје до Рим

Алиталиа ќе лета секој ден од Скопје до Рим
Италијанскиот авиопревозник „Алиталиа“ воведува нова директна линија Скопје-Рим со летови секој ден, почнувајќи од 2 мај. Летовите ќе се реализираат меѓу скопскиот аеродром  „Александар Велики“ и аеродромот „Фјумичино“ во Рим. Промотивната цена на билетите изнесува 99 евра за Рим, 149 евра за остатокот на Италија и од 199 евра за европските дестинации преку Рим. Овие авиобилети ќе бидат на продажба ограничен период, од 20 до 30 април. Во текот на месец мај Алиталиа ќе започне со работа на редуциран распоред со 30 повратни летови во текот на месецот Рим – Скопје – Рим, додека во јуни со целосен распоред на секојдневно летање, соопштија од авиокомпанијата.  
Слично

Поврзани вести