Алими и Гури од ДУИ остануваат без пасоши
Осудените во првостепена постапка за изборни измами, Ејуп Халими и Исмет Гури од ДУИ, не успеале да ги земат пасошите од Кривичниот суд, иако имало такво барање од обвинител, дознава СДК.
И покрај фактот дека обвинителот, Дилавер Бектеши, предложил да им бидат вратени пасошите, апелационите судии не го послушале и гласале против.
"Вистина е дека пред два месеци Советот донесе одлука за добивање на патни исправи на обвинетите Гури и Алими. Вишиот јавен обвинител дозволи да бидат вратени, но судот пресуди поинаку. Сепак, судот го има последниот збор", е одговорот од Судот.
Обвинителите обично се оние кои не дозволуваат мерките изречени за претпазливост да се поништат или ублажат, а судот знае да одлучи поинаку. Овој пат се случило спротивното, пишува СДК.
