Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијансата за Албанците и БЕСА: Спасовски ги натера советниците во Гостивар да преминат на страна на губитниците

Алијансата за Албанците и БЕСА: Спасовски ги натера советниците во Гостивар да преминат на страна на губитниците

Од советничката група на коалицијата Алијансата за Албанците и  БЕСА тврдат дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски влијаел тие да го изгубат мнозинството во Советот на општина Гостивар. 

Тие велат дека  до вчера имале обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар. Наведуваат дека со притисок се направени промени. 

„Вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски. Тој злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите”- се наведува  во соопштението на советниците на Општина Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците и Беса.

Советниците од трите партии од коалицијата како и од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата на Советот. 

На денешната седница која траеше скоро пет часа, со 16 гласа за Насир Муслиу од ДУИ е избран за претседавач со советот.

Слично

Поврзани вести