Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијансата смета дека Албанците се уште не се рамноправни со Македонците

Алијансата смета дека Албанците се уште не се рамноправни со Македонците

Отворањето на Уставот заради спроведувањето на договорот од Преспа да се искористи за промени и кои ќе доведат до унапредување до правата и позицијата на Албанците како етничка заедница во Македонија, бара опозициската Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села.

„Верувам сите партии кои ја потпишаа декларацијата во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја. Албанскиот јазик да биде службен, како што стои во Декларацијата на политички партии на Аланците, но и што беше дел од Охридскиот договор и преамбулата или државата да биде на сите граѓани или на Македонците, Албанците и другите заедници“, изјави Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците.

Од движењето Беса на Африм Гаши реагираа дека сега не е време за такви „егзибиции“ бидејќи приоритет се евроинтеграциите и членството во НАТО. За ДУИ пак, нормативниот аспект на Охридскиот договор се заокружува со објавување на Законот за употреба на јазиците во Службен весник. 



Слично

Поврзани вести