Алијансата пред финална одлука за коалицијата со Заев
Алијансата за Албанците предводена од Зијадин Села е пред финална одлука дали да остане во владина коалиција со премиерот Зоран Заев односно со партиите СДСМ и ДУИ со кои заедно имаат 62 пратеника.
Едно е сигурно, Алијансата повеќе нема да го води министерството за здравство откако премиерот Заев решил да не го прифати нивниот предлог за наследник на Арбен Таравари.
Исто така Алијансата не прифати да предложи вицепремиер за реформи што според нив е измислена позиција, па така ако некој измисли ресор за носење бурек Зијадин Села слободно би им го препуштил на ДУИ.
Затоа е сосема извесно дека Алијансата ќе ја напушти целосно владината коалиција бидејќи нема доволна застапеност ниту атрактивни ресори во кои нивни кадри би дале свој придонес.
Премиерот Заев кој вели дека го цени тоа што Зијадин Села бил до него за време на крвавите напади на 27 април многу му значи, па така оставен е простор тие да останат во владата и по долгиот период на разговори да се согласат на компромис.
