Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса/Алтернатива нема да го одблокира петиот пакет на економска помош во Собранието, додека не се изгласа законот за државјанства

Алијанса/Алтернатива нема да го одблокира петиот пакет на економска помош во Собранието, додека не се изгласа законот за државјанства

Координаторот на пратеничката група на коалицијата Алијанса/Алтернатива, Скендер Реџепи, најави дека албанската опозиција нема да ги тргне амандманите со кој се блокираат законите за економска помош од петиот пакет на мерки за справување со корона-кризата наменети за компаниите и граѓаните, додека не се испочитува нивниот предло-закон за текнување државјанство со тројца сведоци.

„Не само овие пакети, туку секој друг пакет што ќе дојде, секој предлог кој ќе дојде во Собрание без оглед на неговата тежина, ние ќе го блокираме. Нема потреба да го менуваме, бидејќи ќе отстапиме од принципите, а нашиот е – дека Законот за државјанство треба да започне редовна собраниска процедура, да помине, да ги реши проблемите на граѓаните, а потоа да дискутираме и за други прашања“, вели Реџепи.

Пратеникот на социјалдемократите, Диме Велковски, смета дека зад блокадата на албанската опозиција стои и заедничко дејствување со ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека со или без гласовите на опозицијата, владеачкото мнозинство ќе изнајде начин да ги изгласаат законите.

Коалицијата Алијанса/Алтернатива вчера во Собрание поднесе над 7.000 амандмани за 10 закони кои се наоѓаат во Комисијата за финансирање и буџет, 2.000 амандмани достави за Законот за прекршоци, а најавуваат дека ќе продолжат и понатаму со ова практика.


Слично

Поврзани вести