Алијанса за Албанците и Алтернатива: Али Ахмети не е функционер, нема право да учествува на форумот
Опозициските коалициони партнери Алијанса на Албанците и Алтернатива денеска жестоко реагираат против учеството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Преспанскиот форум, бидејќи како што велат од таму, немал државна функција.
„Преспанскиот форум за дијалог кој е организиран од Министерството за надворешни работи, министерот Бујар Османи го злоупотреби претворајќи ја својата функција во промотор на ДУИ, класично злоупотребувајќи ги странските гости, реагира Алијанса за Албанците. Во реакцијата се оценува дека целта на Османи е придобивки да имаат ДУИ и нејзиниот лидер, кои цели две децении го држеа блокирано решавањето на прашањето со името на државата, враќајќи ја земјата во владеење на режим. „Во каква улога е Али Ахмети на овој форум“, прашува Алијанса за Албанците.
„Алијанса за Албанците прашува јавно - во каква улога учествуваше Али Ахмети на овој форум организиран со парите на граѓаните. Ако бил во својство на пратеник, потсетуваме дека Собранието на Северна Македонија има уште 119 други пратеници, но ако учествувал како претседател на партија, исто така имаме уште многу други претседатели на партии кои што допринеле во овој процес“, се нагласува во соопштението“, се додава во реакцијата.
За злоупотребите од страна на ДУИ, како што се наведува на крајот од реакцијата, Алијанса за Албанците ќе ги информира дипломатските претставништва на пријателските земји.
