Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса за Албанците влегува во Владата?

Алијанса за Албанците влегува во Владата?

Неофицијално, постигнат е договор меѓу Алијансата за Албанците и владините претставници за влез на партијата во Владата, објави доцна попладнево ТВ „Клан“, повикувајќи се на извори во АА.

Според овие извори, Алијанса се договорила нејзини кадри да ги предводат Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, а таа евентуално може да го добие и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Според истите извори, партијата ќе добие и 30 директорски места во државни институции.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно потврди дека со Алијанса за Албанците се водат преговори за нејзин влез во Владата. Ковачевски рече дека во оваа фаза не се разговарало за поделба на ресори, туку за концептот и политичките вредности.

Слично

Поврзани вести