Алијанса за Албанците в сабота одбира тим за преговори со власта, но прво средба со Агелер
Алијанса за Албанците предводена од претседателот Арбен Таравари во сабота ќе го одбере тимот кој ќе преговара за влегување во владината делегација.
За тоа, утре прво лидерот Таравари ќе има средба со амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер. На средбата, предвидена е првична консултација пред да се донесе одлуката, објави Сител во вестите.
Конечната одлука партиските одбори ќе ја донесат во сабота. Закажано е централно претседателство за таа намена и ќе се разговара за тоа кои ресори Алијанса за Албанците ќе ги побара во Владата.
Во моментов „огнената група“ во ДУИ врши притисок над тенкото парламентарно мнозинство, поради што лидерот на партијата Али Ахмети и премиерот Димитар Ковачевски веќе изјавија дека е потребна „европска коалиција“.
