АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово, да се огради од Путин и Вучиќ
Oд Алијанса за Албанците велат дека Иван Стоиљковиќ кој ќе стане министер во Владата треба да го признае Косово, геноцидот во Сребреница и да се огради од рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тие ќе бараат од Стоиљковиќ да го признае Косово и да се огради од Путин и од Вучиќ.
„Министерот и вицепремиер кој ќе биде посветен на Охридскиот договор, Иван Стоилковиќ, е познат по својот проруски став и во линија со српскиот претседател, Александар Вучиќ, не ја признава независноста на Косово, со што сериозно го крши Уставот на земјата, како и го негира геноцидот во Сребреница и истиот го исмева. Јавно бараме пред гласањето на владиниот кабинет, Стоиљковиќ јавно да се изјасни за признавање на Косово како независна држава, признато со Уставот на земјата, како и да се огради од Путин и Вучиќ и да се изјасни за ЕУ и САД. Дополнително, Стоиљковиќ мора да го прифати и српскиот геноцид во Сребреница во согласност со резолуцијата на Генералното Собрание на ОН за која гласаше и Северна Македонија. Апелираме и до коалицијата која ги загуби парламентарните избори (Вреди) барем во овој дел да не биде сервилна и да не се согласува да биде во Влада додека Стоилковиќ не ги даде горенаведените изјави“, стои во соопштението од Алијанса за Албанците.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за реакциите за Иван Стоиљковиќ вели дека секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции.
