Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса за Албанците: Министерството за здравство е во сериозен колапс

Алијанса за Албанците: Министерството за здравство е во сериозен колапс

Oд Алијанса за Албанците велат дека актуелната Влада на СДСМ и ДУИ, како и во други области, и во здравството прави импровизации наместо долгоочекуваните реформи.

Додаваат дека по излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата, Министерството за здравство е во сериозен колапс.

Индикатор за ова е довербата на населението во последните истражувања.

„Иако Министерството за здравство под раководство на поранешниот министер Таравари уживаше доверба од 22 отсто, новиот министер Филипче има само 3 отсто доверба, помалку од сите други министерства во Владата на Република Македонија“- велат од Алијансата за Албанците.

Тие емиграцијата на лекарите во странство ја посочија како уште еден аргумент за лошата состојба во здравството. Во 2018 година, во периодот јануари-април, за само четири месеци мигрирале 110 лекари, феномен што покажува и докажува дека здравствените политики се во погрешна насока што предизвикува несигурност кај медицинскиот персонал и пациентите и нивните семејства, додаваат од партијата.

Слично

Поврзани вести