Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса за Албанците ќе го обжали проектот „Безбеден град“ пред Уставниот суд

Алијанса за Албанците ќе го обжали проектот „Безбеден град“ пред Уставниот суд

Алијанса за Албанците идната недела ќе го обжали проектот „Безбеден град“ пред Уставниот суд. 

Алијансата за Албанците го изразува својот критички став кон усвоените измени на Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Safe City”, оценувајќи дека тековната примена на овој проект отвора сериозни правни, социјални и уставни прашања.

„Селективната примена на проектот „Safe City” само во Скопје, Куманово и Тетово е неправедна и дискриминаторска. Проект кој има за цел да ја зголеми јавната безбедност треба да се применува рамноправно на целата територија на државата, а не делумно и селективно. АА констатира дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните. Известувањата и санкциите кои произлегуваат од проектот „Safe City” не се обезбедуваат рамноправно на албански јазик, што претставува директно кршење на јазичните права на албанските граѓани и е неприфатливо во една мултиетничка држава. Бараме ревидирање на висината на казните и на прагот на толеранција. Безбедноста во сообраќајот е неопходна, но таа не може да се постигне преку непропорционални глоби кои неправедно ги оптоваруваат граѓаните и ја нарушуваат нивната економска благосостојба. Алијансата за Албанците бара од надлежните институции итно да отворат јавна дебата, да ги коригираат очигледните прекршувања и да обезбедат секој ваков проект да биде во согласност со Уставот, законите и принципот на еднаквост. Врз основа на ова, Алијансата за Албанците во понеделник ќе го оспори Законот пред Уставниот суд и веруваме дека Судот ќе се води од уставните одредби и ќе ги поништи законските измени кои се во директна спротивност со Уставот на државата“, се вели во соопштенето на Алијанса за Албанците.

Од 1 февруари треба да почне да функционира проектот и полицијата да ги казнува оние кои ќе направат сообраќајни прекршоци. 

Слично

Поврзани вести