Алијанса за Албанците би го поддржала Билал Касами во Тетово доколку побара поддршка
Потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири ,зборуваше во емисијата Клик плус на ТВ21 за тоа како ќе дејствува нивната партија во општина Тетово и дали ќе гласаат за кандидатот на Движењето БЕСА, Билал Касами, против Теута Арифи од ДУИ.
Азири нагласи дека тие ќе го поддржат Билал Касами, очекувакќи поддршка од Беса онаму каде што во вториот круг ќе се сударт коалицијата Алијанса/Алтернатива со ДУИ.
„Се разбира, Алијансата за Албанците и Алтернатива како опозициски блок сме подготвени да го поддржиме Билал Касами во општина Тетово. Особено затоа што Касами е претседател на партијата, има каде да дојде да побара поддршкаВо оваа ситуација кога имаме само двајца кандидати, Билал Касами е природно да го отвори патот и да побара поддршка “, рече пратеникот.
Сепак ставовите се уште се двосмислени бидејќи Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, испрати порака дека неговата партија засега не го поддржува Касами.
Беса и ДУИ се коалициски партнери на СДСМ во Владата.
