Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса за Албанците бара заедно со Јанева сите инволвирани да одат на обвинителна клупа

Алијанса за Албанците бара заедно со Јанева сите инволвирани да одат на обвинителна клупа

Oд Алијансата за Албанците ја поздравуваат одлуката на Обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет”, носејќи ги на обвинителска клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева. 

„Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маѓар телеком”, „Титаник 3″ „Пациент” како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд. Ако сакаме да имаме целосна правда, таа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок“, соопшти Алијанса за Албанците.

Денеска е уапсена специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева за случајот „Рекет“. Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената положба. 

Слично

Поврзани вести