Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алијанса постави директор за конфискација, Фатон Асани си замина

Алијанса постави директор за конфискација, Фатон Асани си замина

Дритон Небиу од Алијанса за Албанците од вчера ја превзема функцијата директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а досегашниот прв човек Фатон Асани, кадар на СДСМ, објави дека му истекол мандатот.
„Секоја приказна има почеток и крај така да мојата приказна започна на 6 Август 2017 а крајот и дојде денес 10 Март 2023 Едно убаво животно искуство како директор во Агенција за управување со одземен имот , со еден прекрасен тим за работа со кој се направија енормни резултати, а за една институција дали напреднала или не може да зборуваат само БРОЈКИ

Денес извршив примопредавање на функцијата со новиот директор г-дин Дритон Небиу, од кој се надевам дека ке продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси бидејќи пред се оставам еден прекрасен ТИМ на вработени за работа кои всушност се двигателот на оваа институција и сум бескрајно благодарен за нивната пожртвуваност и нивната доверба кои ја имаа во мене и моите идеи“, објави Асани.

Тој додаде дека по еден изминат мандат, државната агенција за конфискација ги остварила очекуваните бројки и норми.

„За успесите и резултатите на Агенцијата како што и претходно кажав, мерило се само бројките, а ние како тим ги имавме многу повеќе и од било која поставена НОРМА и не би редел затоа што се многу и ризикувам да го изгубам мојот лет за Болоња

Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години , а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси“, смета Асани.


Слично

Поврзани вести