АЛИ ЦРВЕНЕЕЛ ОД СРАМОТ ЗАРАДИ ИНЦИДЕНТОТ СО ВЈОСА ОСМАНИ: Ги молам сте браќа и сестри во Косово да им простат, не знаат што прават
По скандалот кој завчера се случи на скопскиот аеродром а во кој учествуваше претседателката на Косово Вјоса Османи, реагираше и Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, се наведува во соопштението на опозициската партија.
Ахмети на својата Фејсбук страница пишува: „Почитувана претседателке, многу ми е жал за неприфатливиот дипломатски инцидент и скандал на скопскиот аеродром и го осудувам во најостра можна форма.
Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и на нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават.
Кога не се срамат да газат врз сопствениот народ, врз демократската волја на граѓаните на избори и да се стават во вазална и сервилна служба на некој друг, носејќи ги Путин и Вучиќ во Влада, тогаш никој нема да ги прашува за што било и ќе не срамат секој ден, по неколку пати на ден“. заклучува Ахмети, соопштуваат од ДУИ.

