Али Ахмети за коментарот на Заев за ДУИ: Добро рекол, имаме одлична платформа
Али Ахмети, претседателот на ДУИ, на синоќешното гостување во емисијата „Клик Клус“ на ТВ21 беше запрашан за мислење за коментарот на премиерот Зоран Заев по објавата дека интегративците ќе се трансформираат во зелена партија откако изминатиот период ги решиле сите прашања на Албанците од Рамковниот договор.
- Добро рекол, имаме одлична платформа, кратко рече Ахмети запрашан за коментар на реакцијата на приемиерот.
„Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и зборува за граѓаните“ рече Заев откако во саботата ДУИ најави дека се ребрендира..
Ахмети синоќа во емисијата рече дека проектите ќе бидат финансирани од државата, како и со меѓународна поддршка. Како приоритети ги наведе гасификацијата, сончевите панели и малите хидроцентрали, но од таков тип „кои не би ја загрозувале природната средина“.
- Орво ќе има пет регионални постројки за регулирање, односно за рециклирање на отпад, најави Ахмети во емисијата.
