Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети за „патниците во воздух“: Сепак слетаа безбедно

Али Ахмети за „патниците во воздух“: Сепак слетаа безбедно

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во емисија на ТВ21 рече дека неговата партија очекувала од тогашниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ да прави саботажи за локалните избори во 2013-та, конкретно во Кичево.

На една од „бомбите“ на последното судење на „Титаник“ која не одекна во јавноста, но беше пренесена од медиумите кои известуваа од рочиштето, вработен во Контрола на летови им предложува на тогашните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески да му се даде команда на авион, полн со патници-етнички Албанци кои доаѓаат од странство да гласаат во Кичево, да врти подолго време околу Скопје за истите да не стигнат на време да го дадат својот глас. Во продолжение има предлози и задржување при контрола на пасошите и превртување на трактор или камион на патот од аеродромот.

- Тие работи не беа неочекувани. Затоа ние превземавме мерки истите патници да не доцнат или ако доцнат тоа да биде еден час. Така и се случи. Луѓето безбедно слетаа, безбедно и се вратија. Процесот се одвиваше нормано, гласаа и се вратија дома живи и здрави - рече Ахмети на едно од прашањата.

Тој додаде дека не очекувал од ВМРО-ДПМНЕ да ги исклучува од партијата пратениците кои се приклучија на владеачкото мнозинство и гласаа за уставни измени бидејќи Христијан Мицкоски така му рекол, односно дека нема да ги доведе во таква ситуација но сепак не си стоел на зборот.

За пет години ја гледа Македонија како членка на НАТО и економски и политички стабилна земја.

Слично

Поврзани вести