Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети вели дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот

Али Ахмети вели дека прашање на време е кога ќе се отвори Уставот

Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот за да се отстрани додавката 20 oтсто, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети. 

Тој вели дека сега е најважно да се реши прашањето со Бугарија, која пак бара внесување на Бугарите во Уставот. 

„Го поддржав ова барање на Република Бугарија затоа што право на секој е да се изјасни како се чувствува и ништо лошо нема да се случи со нашата држава и нашите македонски граѓани доколку се отвори Уставот. Тоа не го загрозува интегритетот и суверенитетот, туку е предност и демонстрација на државните вредности што ги застапуваме“, вели Ахмети.

За реизборот на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците, Ахмети изјави дека му посакува се најдобро. Сепак, Ахмети останува на ставот дека на Албанците не им требаат повеќе од две политички партии. 

Државниот завод за статистика вчера ги објави резултатите од националниот попис во 2021.

Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

На оваа тема денес има бројни реакции. 

Слично

Поврзани вести