Aли Ахмети вели дека мисијата на Хасан Приштина не е завршена
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска изјави дека мисијата на Хасан Приштина не е завршена и дека таа продолжува со патот кон ЕУ.
Рече дека Хасан Приштина влезе во дејноста за организирање отпор, но не изолиран само кај Албанците, туку создавајќи сојузи.
„Хасан Приштина ќе остане водич за целото Албанско-патриотско движење. Неговата прва порака беше дека не се потребни ниту чифлиците, ниту богатството без слобода, без интегритет, без држава и не случајно го стопи целото богатство бидејќи без интегритет и суверенитет, без национална слобода не повеќе ни од парче сапун остануваа сите чифлици. Научивме многу од овој патриот, научник. Научивме за постојаните движења, отпорот, за политичките и дипломатските движења. Тоа беше многу тежок период како премиер на Албанија, период кога веќе беа завршени сите проекти и планови од Свети Стефанската конференција во која Албанскиот простор не е ништо повеќе од парче за паѕараување со цел да се задоволи апетитот на соседните земји. Тоа не е ништо повеќе од географски израз и почетоците се уште од Конференцијата на Свети Стефан што се повеќе ги распарчуваа, осакатуваа, протеруваа Албанците, се применуваа елаборати од Москва, од Белград, од соседните земји", рече Ахмети.
Вели дека Европа нема да биде мирна, спокојна без Албанците во неа. Порача дека работат на тоа и Косово да биде дел од ЕУ и НАТО. Се навршија 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор.
