Економија, финансии, бизнис

Контакт

Али Ахмети упати Божиќна честитка за поголема меѓуалбанска соработка

Али Ахмети упати Божиќна честитка за поголема меѓуалбанска соработка

Претседателот на ДУИ, на православните верници, особено на тие од албанска националност им го честита големиот празник Божиќ.

- Имам чест и задоволство, во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам нашите искрени честитки по повод светиот празник Божик, порача Али Ахмети.

Ахмети притоа обраќајќи им се на своите „сонародници, браќа и сестри Албанци од православна христијанска вера“ истакнува дека „овој празник на надежта и вербата нé наоѓа во момент кога во Собранието на Република Македонија, сега веќе, имаме и еден пратеник православен Албанец. Со гордост го нагласувам овој факт како еден пример на нашата вековна традиција на хармонија, почит и братство“.

Ахмети притоа изразува надеж дека оваа 2017 година ќе биде година на „меѓуалбанската соработка“.


Слично

Поврзани вести