Али Ахмети со бело кече во посета на албанскиот ансамбл
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со традиционалната албанска капа - белото кече, денеска беше во посета на Ансамблот на албански народни песни и ора. Претседателот на владеачкиот коалиционен партнер при посетата рече дека оваа институција е формирана како плод на Рамковниот договор.

„Во орото и песната од колено на колено ги зачувавме нематеријалните, автентичните вредности на нашата национална култура.
Горди што Државниот ансамбл на албански народни песни и игри продолжува посветено и на добар пат да ја извршува оваа мисија и денес, плод на имплементацијата на Охридскиот договор“, порача Ахмети.

Тој на играорците им го еститал успехот со освоеното прво место на меѓународниот фестивал што неодамна се одржал во Турција.

Слично
